Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО, ДОЖД И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Синоптичарите со повеќедневна прогноза за времето

Во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно време, до среда со повремени локални врнежи од дожд. Во среда и четврток ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од источен и североисточен правец. Дневната температурата ќе има тенденција на опаѓање.

Прогноза за 16.03.2026
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 12°C до 18°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 17.03.2026
Минимална температура: 0°C до 5°C
Максимална температура: 10°C до 16°C

Променливо облачно со повремени локални внежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 18.03.2026
Минимална температура: -1°C до 5°C
Максимална температура: 9°C до 15°C

Променливо облачно со повремен локален дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од источен правец.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Ова блокирање на државата е со умисла

ДЕСК

МВР апелира до граѓаните навремено да ги подигнат своите готови лични документи

ДЕСК

СДСМ: Врие бугарски пасоши во Владата на Мицкоски – ново признание на ВМРО-ОКГ

ДЕСК