Centar.mk
ИЗБОРЛОКАЛНО

До петок долговите за вода ќе можат да се платат на рати без камата

ЈП Водовод и Канализација – Скопје ја потсетува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека спроведувањето на одлуката донесена од Управниот одбор за наплата на долговите до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот, без камата за задоцнето плаќање што започна на 4.11.2019, завршува на 29.11.2019 (петок).

„Ги повикуваме сите граѓани кои имаат долг да ја искористат последната недела од оваа акција, од 25.11.2019 до 29.11.2019, за исплата на рати без камата за задоцнето плаќање“, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ДЕСК

Проширени капацитетите на детската градника „Гоце Делчев“ во општина Илинден

ДЕСК

Ѓорѓиевски: Мерката за ослободување од комуналии за млади брачни парови е дел од мојата изборна програма

ДЕСК