Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Неповратните средства за млади земјоделци ги зголемуваме од 10 на 20.000 евра

Владејачкиот СДСМ информира дека со последните измени на Законот за земјоделство и рурален развој, обезбедена е дополнителна помош за младите земјоделци, но и унапредени и поедноставени се условите за користење на европските фондови ИПАРД за развој на конкурентно земјоделство.

„Воведуваме дополнителна мерка за вршење на дејност во износ од 20 илјади евра за младите земјоделци до 40 години. Оваа мерка ќе обезбеди значителна поддршка за младите земјоделци да се мотивираат за занимавање со земјоделската дејност. Претходно, над 400 млади земјоделци добија неповратни средства од 10.000 евра за да продолжат се занимаваат со земјоделство и да го унапредат сопственото производство.

Со последните законските измени обезбедуваме предфинансирање на корисниците на мерките од ИПАРД програмата, со што го олеснуваме пристапот до овие фондови.

Земјоделците што се корисници на оваа програма сега парите ќе ги добиваат однапред, пред да започнат со инвестициите, а ќе имаат обврска да ги вратат во период од осум години, без камата. Парите за оваа мерка ќе бидат обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија.

Помошта се доделува на корисници чија инвестиција опфаќа реконструкција на објекти, набавување на опрема и воспоставување на капацитети за постбербени активности.

Развојот и унапредувањето на земјоделството се приоритет за СДСМ. Мерките што ги обезбедуваме гарантираат преструктуирање и подмладување на земјоделскиот сектор преку силна поддршка за младите земјоделците до 40 години и обезбедување услови за воведување на нови технологии во преработувачката индустрија и постбербените активности“, информираат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Истрага за убиство на свиреп начин во кумановско, се испитува поврзаност и со други случаи

C +

Кузеска: Парите што ги планираа за нов авион Владата да ги пренамени за минимална плата од 600 евра

C +

Тошковски за „Клик Плус“ на ТВ 21: Докажавме дека со системот Безбеден град можеме европска вредноста да реализираме во Македонија, во фаза на имплементација е паметен зелен бран на скопските булевари

C +