Centar.mk
илустративна фотографија генерирана со вештачка интилегенција за потребите на Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Скопје во црно: Во тешка несреќа загина 18 годишно момче

На 13.03.2026 околу 15:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Адем Демачи“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „пијаџо беверли“ со скопски регистарски ознаки управуван од А.Љ.(18), патничко возило „фиат“ управувано од 20-годишната Д.Т. и патничко возило „пежо 307“ со скопски регистарски ознаки управувано од А.Б.(35) сите од Скопје.

Во несреќата на местото на настанот починал мотоциклистот, а од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт.

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. По насоки од јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

Можеби ќе ве интересира

Смени и освежување во ВМРО ДПМНЕ: Избрани 30 нови претседатели на општински комитети, познати се имињата

ДЕСК

Нова ера за македонското здравство: Три клинички болници и здравствен комплекс вреден 1,5 милијарди евра

ДЕСК

Покачување на 50 отсто на пензиите ако дојде СДСМ на власт – најави Тренчевска

ДЕСК