Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Заев: ВМРО-ДПМНЕ и Димовски да не го кочат изборот на директор на Државниот завод за ревизија

Ние сме демократи но имаме должност пред граѓаните и пред државата, недозволиво е да се блокираат институции. Повикувам да се донесат одлуките во интерес на граѓаните, да се одблокира работата на Државниот завод за ревизија, порака претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на граѓанска трибина во Велес.

-Се кочи работата на Државниот завод за ревизија. Луѓето таму два месеци немаат земено плата. Апелирам со причина од овде од Велес, затоа што претседателот на собраниската Комисија од ВМРО-ДПМНЕ е Илија Димовски. Знам дека тој е партиски војник но на сите на прво место ни е државата. Советот на јавни обвинители е загрозен, Судскито совет исто така. Одлуки носи Собранието но треба да се носат во интерес на граѓаните и како што мислат и членовите на парламентот но одлуки мора да се донест. За да може порано да ги доживееме реформите во правосудството, рече претседателот Заев на граѓанската трибина во Велес.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски го откри одговорот што сите го очекувавме – Колкав ќе биде прагот на толеранција за казнување преку камерите “Сејф сити”

ДЕСК

ПРВО ДОЖДЛИВО И СНЕЖНО ВРЕМЕ, А ПОТОА МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ОКОВАНА ОД СТУД – Детална прогноза за она што не’ чека следните 4 дена

ДЕСК

Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

ДЕСК