24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Самка Ибраимоски: Оваа коалиција е на прав пат, ги зголемува платите, пензиите и социјалната помош

Кога коалицијата предводена од СДСМ дојде на власт го најде буџетот како растурена сарма, и успеа буџетот го извади од интензивна нега и се почна да функционира, истакна претседателот на партијата за целосна еманципација на ромите (ПЦЕР) Самка Ибраимовски на граѓанската трибина под мотото „На прав пат“ во Велес.

Тој додаде дека оваа влада работи колку за три буџети, два украдени од ВМРО ДПМНЕ и еден од кој се зголемуваат платите, пензиите, социјалната реформа, а дури и претставникот на ВМРО ДПМНЕ Трајко Славески, признава дека проектот Скопје 2014 ја уништи државата.

Испитот го положивме пред Европката унија, сега ја чекаме оценката, исто како кога професор ќе рече дојди да ти ставам оценка по два месеци, рече Ибраимовски, чија партија е дел од коалицијата предводена од СДСМ.

Ибраимоски, истакна дека оваа влада ќе го реши проблемот со стечајците и сега 12 илајди стечајци добиваат помош до пензионирање под над 10 илјади денари.

Претседателот на ПЦЕР се заблагодари на вработување на Роми во локалната самоуправа во Велес и решавањето на комуналните проблеми со кои се соочува ромската заедница во Велес.

Мицкоски ништо не нуди, за образованието вели декаи ма договор од 2010 година, но не кажува зошто не го спровеле во изминатите 11 години, а ние знаеме како и ќе продолжиме така и по 12 април, заклучи претседателот на партијата за целосна еманципација на ромите Самка Ибраимовски на граѓанската трибина под мотото „На прав пат“ во Велес.