Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев на ФБ: Во Охрид договоривме мерки за подобар живот и мирољубив Балкан

-Во Охрид договоривме мерки за подобар живот и мирољубив Балкан, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

„Во Охрид договоривме мерки за олеснување на движењето и брз проток на трговијата, услугите и граѓаните низ сите земји од нашиот регион. Тоа значи подобар живот за сите во еден современ и мирољубив Балкан:

Слободно движење на граѓаните низ земјите во регионот само со лични карти;

Ефикасни гранични премини каде контролите работат 24/7 и брза трака за најмало можно чекање на камионите кои пренесуваат стоки и производи;

Постигнување рамка за признавање на професионални квалификации за дефицитарни професии и програма за поголема мобилност на студентите и младите;

Засилување на напорите за автоматско меѓусебно признавање на дипломите на граѓаните во целиот регион без дополнителни нострификации;

Зајакнување на полициската соработка за прекугранична борба против криминал, тероризам, нелегална миграција и итни ситуации;

Развивање заедничка платформа за заедничка инвестициска понуди.“ – напиша Заев.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +