Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Шаховскиот Клуб АЛКАЛОИД стартуваше со победа на Европскиот Клупски Куп 2019

Шахистите на АЛКАЛОИД, успешно стартуваа на годинешниот Европскиот Клупски Куп во Улцињ, Црна Гора. Тие во првото коло, со победите на Шанкланд, Криворучко, Ковалев и Недев извојуваа висока победа од 5:1 против екипата “Echiquier Mosan” од Белгија. Сепак, сериозниот пристап и борбеноста на противниците им донесе две реми партии, кај Андреикин и Инаркиев. Во целина, искуството и повисоката шаховска класа беа доволни за победа, со што шахистите на Алкалоид ја оправдаа улогата на фаворит.

Првото коло помина без изненадувања и во другите мечеви, сите останати фаворити остварија победи: Mednyi Vsadnik St. Petersburg, AVE Novy Bor – Чешка, Obietivo Risarcimento Padova.

Следен противник на ШК Алкалоид е екипата на “Raika Rapid Feffernitz” од Австрија.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +