14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

За само 2 години реализирани многу проекти во Бутел: Интензивни градежни активности, нови инвестиции, нови работни места…

Градоначалникот Велимир Смилевски, во просториите на општинската зграда ги презентираше реализираните проекти за изминативе две години во Општина Бутел

Општина Бутел во изминатитиве две години имаше интезивни градежни активности и проекти во сите области каде имаме ингеренции:
Општина Бутел за изминативе 2 години (2018- 2019) има зголемување на приходот за 32% споредбено со (2016-2017).
Ова зголемување се должи на зголемување на позитивната економска клима која допринесува до пораст на инвестициите и проширување на постоечки производствени капацитети. Со новите инвестиции зголемен е и бројот на новоотворени работни места, и допринесува за намалување на невработеноста и подобрување на квалитетот на живот на нашите жители.

УРБАНИЗАМ

-Во таа насока, во рамките на своите активности за подобрување на сообраќајната инфраструктура на нашата територија, во изминативе две години реконструиравме 20 сервисни улици во 4 месни и урбани заедници, каде е поставен асфалт на вкупна површина од околу 13.000 квадратни метри во вредност од 21.929.164 денари
-Нправена е Санација и крпење на ударни дупки на територија на општина Бутел со вкупен износ од 1.240.600,00

-Во продолжение, една од поважните инфраструктурни проекти е реконструкција и проширување на патот од Бутел до с. Љуботен со должина од 6 км. Вредноста на овој проект изнесува 12.965,528,00 денари средтва финансирани од буџетот на општина Бутел и 10.987.736,00 одобрени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
-Во изминативе две години се изградија 10- тина пешачки патеки. Со овој инфраструктурен зафат започнавме и ќе продолжиме и понатаму со што значително ќе се олесни движењето на жителите.Вкупната површина на пешачките патеки изнесува 2.400 квадратни метри во вредност 5.709.158,

– Покрај набројаните инфраструктурни зафати Оштина Бутел го заврши уредувањето , заштита и регулација на оштетениот дел од речното корито на река Серава во должина од 170м1, при што се оформи каскадниот праг со вградување на бетон во површина од 21.305 м3 и вкупен износ од 6.846.991,00 ден.
​Изградена е оштетената атмосферска канализација во с. Љуботен со должина од 100 м со вкупен износ од 224.392 ден.
​ Поставена е решека за регулирање на атмосферски води на крак од ул. 30 во Љуботенски пат со вкупен износ од 300.000,00ден.
​Изградена е атмосферска канализација со решетка на улица Словенија 03 со должина од 102м1 во вкупен износ од 356.728,00

ПРОЕКТИ СО ГРАД СКОПЈЕ

-Општина Бутел има одлична соработка со Град Скопје за сите проекти што ни се од заеднички интерес. Континуирано работиме на решавање на инфраструктурните проблеми и имплементација на нови и подобрени решенија. каков што е примерот со „ Босна и Херцеговина“ чиј проект ќе ја поврзе со булевар Словенија и булевар Христијан Тодоровски Карпош со што значително ќе се намали сообраќајниот хаос и ќе се зголеми безбедноста.

Во однос на проектите со градот ги одвојува…

​Проширувањето на Христијан Тодоровски Карпош и изградба на атмосферска, фекална и водоводна мрежа со целосна подземна инсталација и преместување на постоечкаинсталација од гасовод
​Изградена е атмосферска канализација од улица Бутелска до булевар Христијан Тодоровски- Карпош

​Поврзувањето на булеварот Христијан Тодоровски – Карпош од крстосницата со улицата,,Натанаил Кучевишки,, до обиколницата.
​Изградена е нова водоводна, атмосферска и фекална мрежа на новореконструираната улица Александар Урдаревски која води кон Кучевишка Бара и кон гробиштата во Бутел
-Реализација на најголемиот инфраструктурен проект во индустриската зона Визбегово, а тоа е изградба на водовод и канализација.

ОБРАЗОВАНИЕ
ГРАДИНКИ
Во делот на образование за период од две година се реализирани проекти со постигнати значајни резултати. Имено, покрај високиот процент на
оствареност на активностите за првите 2 години ( 2018 -2019 ) се реализирани и
дополнителни активности кои биле планирани за реализација на подолг
врменски период, а имало можност за нивна предвремена реализација .
Подобрувањето на материјално техничките услови во детските градинки и основните училишта резултира со зголемено задоволство кај родителите и децата. Реализираните капитални инвестиции во реконструкции и снации во детските градинки се со износ од 16.200.000,00 денари

– Покрај реализација на капитални инвестиции за нормално функционирање на воспитниот процес во детските градинките направена е и набавка на опрема во износ од 2.400.000,00 денари средства одвоени од буџетот на општина Бутел.

УЧИЛИШТА
– Реализираните капитални инвестиции во реконструкции и снации на сите седум основните училишта се во износ од 33.625.020,00денарИ

– Покрај реализација на капитални инвестиции за нормално функционирање на воспитно образовниот процес направена е и набавка на опрема, нагледни, наставни средства во училиштата кои имаа недостиг. Големиот број на награди и признанија кои ги добиваат учениците, за нас се само дополнителен мотив за да вложуваме во нивното образование и условите. Средствата за набавка на опрема се одвоени од буџетот на општина Бутел во вредност од 3.763.595,00денари.

ЖИВОТНА СРЕДИНА

-Борбата за чиста животна средина ја водиме секојдневно !

– ​Исчистени се 16 депонии на повеќе локации на територијата. Некои депонии се чистат и по неколку пати во годината во зависност од онаму каде што се јавува потреба ,а, аз тоа се одвоени 3.495.257,00 денари од буџетот на ОПШТИНА БУТЕЛ.

КОМУНАЛНИ ДЕЈНОСТИ

– Изградена е нова инсталација за осветлување на 19 локации во должина од 3.382 м со вкупна вредност од 17.693.808,00денари.
Извршена е промена старите не еколошки 25 ватни светилки и поставени се нови каделабри со штедливи натриумови светилки од 70 вати

– За поголема продуктивност и резултати во работењето воедно и заштеда од дополнителниот трошок за ангажирање на механизацијата, општина Бутел направи набавка од 8.963.966,00 средства одвоени од буџетот на општината.

– Изградени се две нови детски игралишта и реконструирани се 15 постоечки со поставување на нова урбана опрема со вкупна вредност од 2.079.416,00 денари

КУЛТУРНИ МАНИФЕСТАЦИИ

Општина Бутел во континуитет дава институционалната и финансиската поддршка на културните проекти како негувањето на фолклорот, обичаите, старите занает и организирањето на културни манифестации. Општина Бутел во изминативе2 години беше домаќин на 10 културни манифестации кои го враќаат сјајот на Бутел. Средствата за овие манифестации се обезбедени од буџетот на општината во износ од 2.077.391,00 денари.

СПОРТ

Отпочна офанзива на спортски успеси и инвестиции во спортот.Општината инвестира во идните генерации, во изнаоѓање на спортските таленти и инвестира во спортската иднина на младите.
Континуираните вложувања во изградба на спортската инфраструктура и спортскитепроекти, го прават спортот подостапен за сите наши жители.
Наша голема гордост е Р.К “Бутел” кој го носи нашето име и е дел од европската ракометна лига. Општина Бутел обезбеди финансиски средстав 3.500.000,00 ден. средства од буџетот на општината.
Доделени се и финансиски средства во износ од 1.500.000,00одвоени од буџетот на општина Бутел на 8 ( осум ) спортски клубови кои се на територија на општината кои се безрезервно посветени за развој на спортот и младите во него.

Спонзорирано: