Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Почина Љубе Рајевски – долгогодишен директор на НЛБ

По тешко боледување на 10 ноември 2019 година почина Љубе Рајевски.

Роден е на 11 март 1955 година во Скопје. Рајевски беше долгогодишен директор и член на Управниот одбор во НЛБ банка и придонесе во развојот од штедилница до една од водечките банки во земјата и НЛБ групацијата. Беше активен и во други професионални и општествени подрачја, претседател и член на одбори (Македонската развојна фондација за претпријатија, Триглав). Љубе Рајевски важеше за еден од најпочитуваните банкари во Македонија, но почитта ја стекна со тоа што беше човек пред се, посветен на семејството, другарството, соседството и заедницата.
 
Погребот е на 12 ноември 2019 на гробиштата Бутел Скопје во 13 часот (капела 12 до 13 ч.).
 

Можеби ќе ве интересира

РОДИТЕЛИТЕ ИМ ГО ПРЕПИШАЛЕ СТАНОТ НА ДЕЦАТА – Што ако еден ден им кажат дека повеќе немаат право да живеат таму?

ДЕСК

ЦИКЛОН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – Следуваат обилни дождови, локално над 60 литри на квадратен метар

ДЕСК

Црна Гора со поддршка за македонските евроинтеграции – „Проширувањето мора да биде според заслугите“

ДЕСК