14.8 C
Скопје
17. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски на трибина во Охрид: Битката против криминалот и корупцијата нема да ја изгубиме, правда за сите мора да има

Како партија сме посветени на градење независен судски систем. Со новиот Закон за ЈО отвораме простор за зајакнување на правната држава, да има вистинска реформа во судскиот систем и да обезеди правда за сите, од обичен човек до највисоките функционери, порача потпретседателот Оливер Спасовски на трибина во Охрид.

Од друга страна, истакна Спасовски, ВМРО-ДПМНЕ бараат начин како да ги ослободат криминалците од нивните редови и затоа не гласаат за Законот. Но тоа нема да го дозволиме, ќе сториме се, борбата против криминалот и корупцијата нема да ја изгубиме туку ќе ја добиеме, затоа што тоа е во интерес на граѓаните и на правдата.

Битката против криминалот и корупцијата не смееме и нема да ја изгубиме, заклучи потпретседателот Спасовски.

Спонзорирано: