Прес конференција, Дарко Каевски, претседател на СДММ – интегрален текст:
Како Социјалдемократската младина во изминатиов период покажавме дека барањата и интересите на младите се наш приоритет.
Ги реализираме мерките од програмата за млади и нудиме шанса за секој млад човек.
Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2019 година е со најголем буџет до сега, а опфатот на лица е зголемен за околу 2000 во однос на минатата година. Со програмата Самовработување се опфатени 2076 лица, од кои околу 800 се млади на возраст до 29 години.
Ги следиме Европските политики, нашата држава е единствена земја во регионот којашто не е членка на ЕУ, а ја ја спроведува Гаранцијата за млади, мерка преку која се вработија 1839 млади лица.
За само 4 месеци над 4000 млади луѓе аплицирале за Европската младинска картичка. Картичката е бесплатна, а за младите нуди голем број на поволности, мобилност, информираност и поврзаност.
После долг период, овој месец на универзитетите се органиираат фер и демократски студентски избори. Студентите сами ги бираат своите претставници, постои независност во студентското организирање.
Денес младите учествуваат во креирањето и спроведувањето на политки кои директно ги засегаат.
Се залагаме за создавање на активна младина која ќе гради и застапува демократски вредности.
Преку еднакви шанси, слобода на изразување, зголемување на квалитетот на живот, повеќе и поквалитентни работни места, продолжуваме да креираме услови за да ги задржиме младите тука.