СОНК соопшти дека го става генералниот штрајк во мирување, по средбата, која се одржа зад затворени врати, а на која требаше да се донесе одлука за отпочнување на генералниот штрајк во понеделник.
„За зголемување на платите , од 01.01.2020 година, им се потребни уште неколку денови на министерот и на МОН. За да конечно се обезбедат сретства кои што ќе ги задоволат нашите барања“, соопшти претседателот на СОНК, Неделков.
На средбата беше и министерот за образование Арбер Адеми, рече дека договориле да го стават штрајкот во мирување до добивањето конечна понуда за покачување на платите од МОН.
„Сега дискутираме за покачување на платите од 01. јануари. И ова поместување во смисла на моментот од кога ќе се пресметува третото покачување на платите во дејноста образование, секако дека е неопходно да се обезбедат сретства. И на тоа работиме“, рече Адеми.
Адеми го покани членството на СОНК утре во МОН на, како што рече, последна рунда пријателски и конструктивни преговори. СОНК и Владата досега одржаа три состаноци на кои се преговараше за зголемување на платите во образованието.
ПОКАЧУВАЊА НА ПЛАТИ ЗА ПРВ ПАТ ПО 11 ГОДИШНОТО ВЛАДЕЕЊЕ НА РЕЖИМОТ
Покачувањата на платите во образовниот сектор започнаа минатата година по 11 години замрзнати плати, додека владееше хибридниот режим на ВМРО ДПМНЕ. Лани платите на наставниците пораснаа за 5%, оваа година во септември за нови 5 проценти, а на севкупната плата ќе се додаде уште 10 проценти ново покачување.
ПРИЈАТЕЛСКИ РАЗГОВОРИ МЕЃУ ВЛАДАТА И СОНК, ЗА РАЗЛИКА ОД ВРЕМЕТО НА РЕЖИМОТ КОГА СИТЕ ШТРАЈКОВИ БЕА ОСУЕТУВАНИ
Минати се времињата кога режимот на ВМРО ДПМНЕ најавуваше заменски наставници за оние кои штрајкуваат, а платите во тој период ниту еднаш не се осмели да им ги покачи на просветните работници.
Деновиве сме сведоци на пријателски разговори меѓу Министерството за образование и Синдикатите, наместо на закани, уцени, притисоци и задушувања кои што беа синоним за време на хибридниот режим на Никола Груевски, чија владејачка гарнитура најавуваше и заменски наставници на оние што штрајкуваат.
Црниот период 2006-тата, особено од 2009-тата кога режимот зеде замав и ја освои цела Македонија, период во кој наставниците живееја во секојдневен страв, а на неподнобните наставници кои не беа од номенклатурата на криминалниот режим или беа членови на тогаш опозициската СДСМ, платите им беа распарчувани и беа казнувани, со што многу наставници доживеаа загуби од илјадници евра, само заради политичката одмазда која им беше вршена од градоначалниците на ВМРО ДПМНЕ низ Македонија. За жал ниту еден градоначалник од тоа време се’ уште не сноси одговорност за ваквите постапки.