Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Сведоштвата за изборните измами и закани, заедно со Стевче Јакимовски е потврда дека понудата на Мицкоски е обнова на криминалот

-Вчера јавноста можеше да чуе во судско сведочење како незаконски се издавале 500 лични карти на лица од Ресен и Преспа на адреси во општина Центар, за да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. Јавноста вчера слушна и за закани и пристисоци од функционери на ВМРО-ДПМНЕ врз вработени во Министерството за внатрешни работи. Тоа е начинот на делување на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е понудата на Христијан Мицкоски за обнова на режимот, за обнова на насилството и изборните измами. Ништо не е сменето во опозициската партија, изјави денеска Стефан Васев од СДСМ.

-Главен сојузник на Христијан Мицкоски и коалициски парнтнер е Стевчо Јакимовски поранешниот градоначалник на општина Карпош. Јакимовски е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластувања со што се сомничи дека ја оштетил општина Карпош за повеќе од 230.000 евра. Се потврдува дека коалицијата на Мицкоски е коалиција за обнова на криминалот, на злоупотребите, на заканите и притисоците. Луксузниот бел дворец зад мене е седиштето на криминалот, корупцијата и изборните измами. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат само обнова на режимот за повторно да злоупотребуваат институциите, да градат бесправно, да вршат пристисоци и закани врз граѓани. Тоа граѓните нема да го дозволат. На 12 април тие повторно ќе ги поразат деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ и ќе потврдат дека државата е на прав пат, рече Васев.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ СЕ ФОРМИРА СНЕЖНА ПОКРИВКА ДО 15 СМ НА ПЛАНИНИТЕ: Најавени пообилни врнежи на дожд низ цела Македонија, некаде ќе преминуваат во снег – Метеоцентар со детална четиридневна прогноза

ДЕСК

Ако ЕУ има решение за Украина и Молдавија, лесно ќе најде и за нас, пoрача Сиљановска-Давкова во годишното обраќање

C +

Претседателот на Собранието Гаши донираше средства за училиштата „Златан Сремец“ – Скопје, „Иднина“ – Скопје и „Лирија“ – Тетово

ДЕСК