13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Платите растат многу побрзо, просечната плата во август годинава е зголемена за 3,8 отсто, на прав пат сме

-Просечната плата во август 2019 година е зголемена за 3,8 проценти, во однос на истиот месец минатата година и сега изнесува 25.127 денари. Ова е последен од низата позитивни показатели за успешноста на економските политики на СДСМ и Владата што ја предводи. Ваквиот раст на прoсечената плата се должи на стабилната економија, но и на растот на минималната плата, која за нешто повеќе од две години расте за 5.500 денари. За само две години и 3 месеци СДСМ ја покачи просечната плата повеќе отколку ВМРО-ДПМНЕ за цели 7 години! – велат од СДСМ во денешното соопштение.

„Просечната нето плата по вработен во мај 2010 изнесувала 20 798 денари, а во мај 2017, 22 889 денари, што е одвај 2 илјади денари зголемување за 7 години.

СДСМ за само 2 години и 3 месеци ја зголеми просечната плата за 2.300 денари!

Со новото предвидено зголемување на минималната плата на 14.500 денари, но и со мерката за субвенционирање на придонесите за социјално осигурување, во следниот период се очекува дополнителен и интензивен раст на просечната плата.

Сите овие параметри покажуваат дека економијата е на здрави основи и се движи во добар правец. Ваквото темпо на раст на платите обезбедуваат реални услови, до крајот на 2020 просечната плата да изнесува 30.000, а минималната плата 16.000 денари.

Граѓаните ја чувствуваат разликата и резултатите од политиките на СДСМ, кои обезбедуваат повисок животен стандард за сите граѓани и повеќе пари во семејните буџети и затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе изгуби на изборите на 12 април.“ – се вели во соопштението.

Спонзорирано: