13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ковачевски: Парите од граѓаните, одат за граѓаните, 1500 семејства од Тетово добиваат субвенции за инвертори од 60 илјади денари, на прав пат сме

Квалитетната животна средина е предуслов за сите ние да имаме здрав живот. Токму затоа Владата предводена од СДСМ презема бројни мерки со кои се работи на решавање на долгогодишниот проблем со аерозагадувањето, истакна директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, на граѓанската трибина на СДСМ под слоганот „На прав пат“ во Тетово.

Како дел од тие мерки е и одлуката за доделување на субвенции за инвентори кои ќе ги заменат другите нееколошки начини на загревање кои ги користат граѓаните. А токму компанијата која јас ја предводам, ЕСМ е таа преку која ќе се реализира оваа мерка- истакна Ковачевски

Тој посочи дека 10 милиони евра се наменети за субвенционирање преку оваа мерка. 10.000 семејства од Тетово, Кичево, Битола и Скопје како едни од најпогодените градови со аерозагадувањето ќе добијат по 60 илјади денари за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди.

Конкретно за Тетово, 1500 семејства ќе можат да аплицираат и на тој начин дирекно да влијаат кон намалување на загадувањето во нивниот град, потенцираше Ковачевски.

Со домаќинско работење ЕСМ средствата кои ги обезбедува, од добивката на своето работење ги пренаменува за оваа намена. Со тоа парите од граѓаните одат за граѓаните, се враќаат назад во семејствата. На прав пат сме!, порача Ковачевски пред присутните граѓани во Тетово.

Спонзорирано: