10.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

САД го ратификуваа протоколот за членство на Македонија во НАТО

Американскиот Сенат го изгласа пристапниот Протокол за влез на Северна Македонија во НАТО. За протоколот гласаа 92 сенатори, а двајца беа против. Против беа републиканскиот сенатор од Кентаки Ренд Пол и републиканскиот сенатор од Јута Мајк Ли.

Амбасадорката на САД во Македонија, Кејт Брнс на Твитер напиша дека Сенатот го ратификувал протоколот и оти тоа е резултат на напорна работа и посветеност да се инвестира во иднината.

Претседателот Стево Пендаровски на Фејсбук им се заблагодари на САД. „Стратешкото партнерство САД – Северна Македонија продолжува во Алијансата придонесувајќи за глобалната стабилност и безбедност. #WeAreNATO, напиша Пендаровски.

САД се 25 земја членка што го ратификуваше протоколот, остануваат уште Шпанија, Исланд, Холандија и Франција.

Спонзорирано: