Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа што се случила вчера на крстосницата од ул.„Кеј 19-ти Септември“ со ул.„,Борка Спиркоски“ во Прилеп, помеѓу мопед „томос“ и автомобил „рено меган“.
Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница Прилеп за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп./Makfax