15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Двајца разбојници со пиштол ограбиле обложувалница, едниот е во бегство

Скопското основното јавно обвинителство донесе наредба за истрага против две лица кои извршиле вооружен грабеж во скопска обложувалница.

Како што информираат од обвинителството, осомничените, по претходен договор, на 9. октомври влегле во спортска обложувалница на скопката улица „Зеничка“ и со пиштол се заканиле по животот на една вработена.

Еден од осомничените, кој го држел пиштолот, побарал од оштетената да каже каде се парите и ја турнал до ѕидот, додека другиот разбојник се упатил кон работниот пулт и од една од фиоките одзел 188.460 денари (околу 3 илјади евра).

Двете лица се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво.

За еден од разбојниците, доставен е предлог за определување мерка притовр, а вториот до овој момент не е обезбеден од страна на полицијата и за него е распишан централен распис./Makfax

Спонзорирано: