Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, изјави дека одлуката на Европската Унија да не го отвори пристапниот процес за Северна Македонија и за Албанија ќе биде запаметена како историска грешка.
„Им кажав на колегите дека ова е средба со историја. Тој регион потпаднал под Отоманската Империја во 1400 година. По Втората светска војна, овие две држави потпаднаа под комунистичкиот блок. Нивната желба е да се приклучат кон Европа“, рече Конте.
Италијанскиот премиер рече дека се надева оти очајот нема да доведе до најдлабока болка./Makfax