3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Туск: Верувам дека ова е кратка криза, а не крај на проширувањето на ЕУ

По завршувањето на самитот на ЕУ во Брисел, претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер и претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, одржаа заедничка прес-конференција на која зборуваа и за процесот на проширување, односно не давањето датум за пристапни преговори за Северна Македонија и Албанија.

На пресот, Туск порача дека во однос на ваквата одлука не се работи за неуспех, туку за грешка.

„Tешко е да се биде оптимист во оваа ситуација, но не треба да се гледа како на тотален неуспех“, порача претседателот на Европскиот Совет и го истакна неговото уверување дека станува збор за кратка криза во Унијата, а не за крај на процесот на проширување.

„Многу земји (24-25) го поддржуваат процесот и сакаат да го продолжат истиот“, нагласи Туск и додаде дека ЕУ треба да се заложи да го реши овој проблем пред мај 2020.

Јункер пак додаде дека доколку ЕУ има намера да го сочува својот кредибилитет во глобалната политика, треба да ги исполни дадените ветувања.

„ЕУ е почитувана низ светот и за да остана почитувана треба да ги исполни своите ветувања“, порача Јункер и додаде дека многу е тешко да се зборува за крај на проширувањето, кога во безброј наврати ЕУ дала ветувања, нејзини претставници ги посетувале Северна Македонија и Албанија и ги поттикнувале да работат на нивните евро-интеграции.

Спонзорирано: