23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Шарлиз Терон минува низ тежок период, откако имаше три операции

Актерката Шарлиз Терон (44) откри за странско списание дека моментно се бори паралелно да управува со својата кариера, да одгледува деца, да се грижи за новите миленици и покрај сето тоа – да го закрепне своето тело.

„Мојот живот во моментот е во хаос. Само што поминав низ три операции, промовирам два филма… Немам дадилка, но знам дека не би можела да го сторам сето тоа ако ја немав целата помош и поддршка од семејството“, открива актерката. Таа не откри што оперирала, но рече дека се повредила на снимањето на филмот The Old Guard. „Снимав акциски сцени и буквално го скинав лигаментот од коската, а и лакотот го скршив“, призна таа.

Иако нема дадилка, таа неколкупати објасни дека се потпира на семејството, кое многу ѝ значи и ѝ помага секогаш кога е потребно. „Сите што ги сметам за членови на семејството се таму за мене и ми помагаат. Тоа навистина ми значи многу. На пример, вчера пишував нешто додека другар ми внимаваше на кутрињата. Мајка ми готвеше ручек“, рече Шарлиз за време на интервјуто.

Актерката беше видена со Бред Пит на почетокот од годината, кој закрепнуваше од разводот со Анџелина Џоли. Набргу почнаа озборувања дека се во врска, но Шарлиз изјави дека долго време е сама, од моментот кога се раздели од својот поранешен свршеник, актерот Шон Пен.

Шарлиз има две посвоени деца – седумгодишниот син Џексон и четиригодишната ќерка Аугуст./Makfax