7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Мајкл Даглас стравувал дека ќе го загуби синот кој бил зависник

Камерон Даглас (40) уште како тинејџер почнал да пие и да пуши марихуана. Набргу потоа синот на славниот актер Мајкл Даглас (75) станал зависник од кокаин и херион и секогаш носел пиштол со себе.

„Мразев сè што ми се случуваше во животот поради дрогата, но едноставно не можев да го спречам тоа“, рекол искрено Камерон во големото интервју на насловната страница на списанието „Пипл“.

Родителите, Мајкл и продуцентката Дијандра Лукер (63), се чувствувале беспомошни. Сите совети што му ги давале на својот син биле залудни затоа што Камерон не сакал да ги слуша.

„Имаше моменти кога надежта беше целосно исчезната. Животот се претвори во серија кризи. Мислев дека ќе го загубам“, изјавил Мајкл.

Синот на познатиот актер завршил во затвор. Тој бил обвинет за трговија со метамфетамин и кокаин за што бил осуден на седум години затвор.

По затворската казна, Камерон се сменил целосно. Тој е оженет со инструкторката по јога и актерка Вивијан Тибс (41), со која ја има 22-месечната ќерка Лу. Камерон сака да им помогне на другите во борбата со зависноста и поради тоа јавно го споделил своето искуство./Makfax

Спонзорирано: