Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се единствените кои работат против преговори со ЕУ, но нема да ја вратат државата назад во изолација и режим, рагираат од СДСМ

– ВМРО-ДПМНЕ се единствените кои се против ЕУ и НАТО, против сигурна и стабилна иднина на државата, регираат од СДСМ на соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДППМНЕ и Христијан Мицкоски не само што навиваат државата да не започне прегвори со ЕУ, туку и работат против напредокот, против реформите.

Целиот демократски свет го признава правиот пат на кој е државата, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ стојат отстрана и се обидуваат да ја вратат државата назад во режим, изолација и неизвесност.

Колку и да не им се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, ниту еден нивен обид нема да ја загрози иднината во ЕУ и НАТО. Северна Македонија е на прав пат, се остваруваат децениските стратешки интереси.“ – се вели во реакцијата.

Можеби ќе ве интересира

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +

Мицкоски на 9 мај: Слободата не е подарок – таа е избор, жртва и одговорност

C +