Вчераво 14.30 часот во Полициска станица Меџитлија од слобода биле лишени П.Б.И.Е.(46) и К.Ф.Л.(29), двајцата од Куба, кои во атар на с.Драгош, битолско, се обиделе илегално да ја преминат државната граница помеѓу Р.С.Македонија и Република Грција. Тие биле предадени на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка.
Вечерта во 19.30 часот во Полициска станица Меџитлија од слобода биле лишени Г.Б.(23), С.Б.(33), Ф.Х.(18) и А.М.(32) од Албанија, кои во атар на с.Живојно, Битолско, се обиделе илегално да ја преминат државната граница помеѓу Р.С.Македонија и Република Грција. Тие биле предадени на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка./Makfax