11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Масовноста на трибината во Куманово потврдува, на прав пат сме!

Патот на напредокот, сигурноста, стабилноста, патот на повисоки плати и пензии, инвестиции во инфраструктурата, членството во ЕУ и НАТО, што го трасира СДСМ е правиот пат, за кој последните две и пол години нема дилеми ниту дома ниту надвор, дека е вистинскиот пат.

Ова беше истакнато на граѓанска трибина „На прав пат“, што се одржа во Куманово, на која пред многубројните граѓани се обратија претседателот на СДСМ, Зоран Заев, потпретседателот на партијата Оливер Спасовски и кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев од граѓанската трибина порача дека државата и граѓаните со право очекуваат почеток на преговорите со ЕУ, нагласувајќи дека сработивме се што беше потребно, а веќе е извесно дека Република Северна Македонја е 30-та земја членка на НАТО Алијансата.

Заев се осврна и на мерките, креирани и спроведени изминатите две години, кои обезбедуваат еднаква шанса за сите и носат повеќе пари назад кај граѓаните, најавувајќи ново, осетно зголемување на минималната плата.

-Со зголемување на минималната плата на 12.500 денари, ги изнедначивме сите индустрии и обезбедивме повеќе пари во семејните буџети. Но знаеме дека и тоа не е доволно. Финишираат преговорите за ново, осетно зголемување на минималната плата за уште повеќе пари во семејните буџети. Преговорите со синдикатите и стопанствениците привршуваат. Наскоро ќе има ново, значајно покачување на минималната плата. Не за 500 или 1.000 денари туку за повеќе, рече Заев.

Потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски нагласи дека сега и пред две години воопшто не сме иста држава.

– Пред 2 години се боревме за слобода и демократија. Сега разговараме за тоа колку патишта и инфраструктура изградивме во државата, колку направивме за гасификацијата, што ќе направиме за заштита на животната средина, за зголемување на пензиите, за зголемување на минимална плата, за просечна плата од 500 евра, како младите да останат и овде да ја планираат иднидната, како го подобривме образовниот систем и што уште треба да направме за да го подобриме животот на граѓаните, рече Спасовски.

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски се осврна на завршените и планираните проекти, со кои Куманово се транформира во модерна и урбана средина и изрази задоволство од масовното учество на граѓаните на трибината.

– Гледам многу нови лица и сите сте добредојдени на правиот пат, вистинскиот пат затоа што оваа држава заслужува многу повеќе од она што беше, истакна Димитриевски.

Карванот граѓански трибини „На прав пат“ на СДСМ, кој има за цел да ги презентира реализираните проекти, да ги слушне сугестиите, забелешките и коментарите на граѓаните и да ги преточи во нови мерки и политики, продолжува во вторник во Кичево.

Спонзорирано: