Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Јанушев: Членови на партии кои беа дел од власта преминуваат во ВМРО-ДПМНЕ

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, оствари средба со раководства од повеќе политички партии кои, како што кажа, до пред извесно време биле дел од власта, а сега преминуваат во ВМРО-ДПМНЕ и останатите десничарски партии од Коалицијата „За подобра Македонија“.

„Овие луѓе ги напуштаат политичките партии во период кога буквално сите механизми на присилба и уцена се во рацете на Заев и СДСМ и одлучиле да се придружат на нашата борба за што побрзо СДСМ и Заев да ги тргнеме од власта и да почнеме со обновата на Македонија“, посочи Јанушев.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ порача дека патијата останува отворена и ги повика граѓаните да се придружат во борбата против власта и во борбата за обнова на Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НЕВРЕМЕ СО СИЛЕН ВЕТЕР, ПОРОЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме денеска?

ДЕСК