Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Советот за имплементација на стратегијата за реформи во правосудството го прифати шестмесечниот извештај од надзорот над функционалноста на АКМИС-от во судовите

Осум судови во државава биле предмет на проверка на Комисијата за надзор во насока на тоа дали и колку се применува АКМИС системот.

Според зборовите на министерката за правда, Рената Дескоска, во шестмесечниот извештај од надзорот над функционалноста на АКМИС-от во судовите, се најдоа: Управниот суд и Вишиот управен суд, Основниот суд Скопје I – Скопје, Основниот суд Скопје II – Скопје, основните судови во Кавадарци, Куманово, Тетово и Кичево, а проверките се вршени во периодот февруари – мај оваа година.

Комисијата за надзор заклучи дека во сите судови управувањето на предметите се врши исклучиво преку АКМИС системот, што е исклучително позитивен наод. Контролата над судовите кои биле предмет на проверка покажала дека редовно се врши прием и обработка на предметите, дека изземањето на судиите се врши по законска процедура, дека вклучување и исклучување на судии оди согласно системот АКМИС.

Шестмесечниот извештај според мислењето на членовите на Советот за имплементација на стратегијата за реформи во правосудството треба да биде прифатен и како таков да биде и предложен на разгледување на Владата.

Можеби ќе ве интересира

МИСТЕРИЈА ЗА КОЈА СЕ РАСПРАШУВААТ МНОГУМИНА, НЕКОЈ ВО МАКЕДОНИЈА ОДЛУЧУВА КОИ ВЕСТИ ЌЕ ГИ ВИДИТЕ – Но кој одлучува што ќе остане скриено од вашите очи?

ДЕСК

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ ОСТАНУВА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК – Мицкоски со ново појаснување за практичниот дел

ДЕСК

УХМР СО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следува силен ветер и значително повисоки температури!

ДЕСК