Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, поинтензивни претпладне во јужните и источните делови каде што попладне ќе завршуваат. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата, информира УХМР.
Утринската температура ќе се движи од 7 до 15, а дневата од 13 до 19 степени.
Во Скопје претежно облачно со умерен до повремено пороен дожд и со северен ветер кој краткотрајно ќе засилува. Температурата ќе се движи од 11 до 16 степени.
За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и посвежо време, но температурите преку денот малку ќе се покачат. Нови врнежи ќе има во почетокот на наредната седмица./Makfax