11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СТАВТОП ВЕСТИ

Авион принудно слета во Украина, четворица загинати

Четири лица загинаа кога авион Антонов АН-12 слета во Украина, соопшти Министерството.

Транспортниот авион АН-12 морал да слета итно во близина на украинскиот град Лавов бидејќи му снемало гориво, соопшти Министерството за инфраструктура.

Според првичните информации, четири лица загинале при принудното слетување на авионот во близина на аеродромот, изјави украинскиот министер за инфраструктура Владислав Криклиј на својот профил на Фејсбук.

Во соопштението на итната служба се вели дека советски авион со четири мотори исчезнал од радарот утрово во 6.10 часот, на 13,7 километри од аеродромот.

Еден член на екипажот на авионот ја повикал итната служба 19 минути подоцна, велејќи дека авионот принудно слетал еден и пол километар од аеродромот во Лавов. Во авионот имало седум членови на екипажот./Makfax

Спонзорирано: