Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Христијан Мицкоски наместо про боно, инкасирал 20.000€ за советничкиот ангажман во Владата на Груевски?

1,2 милиони денари е износот кој му бил исплатен на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за неговиот ангажман како советник во кабинетите на тогашните премиери Никола Груевски и Емил Димитриев. Според документите со кои располага порталот “Криминалите на ВМРО-ДПМНЕ”, Мицкоски бил ангажиран од Владата на Никола Груевски како советник за енергетика, со решение број 08-1310/1 од 15ти април 2015 година до октомври 2016 година.

Во тој период, освен за два месеци, месечниот надомест кој му бил исплаќан е 68.363 денари или 1.100 евра, пишува kriminalitenavmrodpmne.wordpress.com

За само 1 и пол година, Мицкоски од позицијата советник во Владата на Груевски заработил 20.000 евра. Во периодот кога Мицкоски е советник на Груевски за енергетика, беше укината ефтината тарифа на струјата, цената на електричната енергија поскапе за 100%, а државата целосно беше зависна од увоз на скапа електрична струја, пишува порталот.

Можеби ќе ве интересира

Два нови пилоти завршија обука во Шпанија за гаснење пожари, се приклучуваат на ДЗС

C +

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +