17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка на автопатот “Пријателство” – има повредени

На 04.10.2019 во 00.05 часот на автопатот „Пријателство“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(60) од Скопје и патничко возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(39) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Б.С. и сопатникот од истото возило С.П.(31). Б.С. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а С.П. во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

С.Д. се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Спонзорирано: