8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Откажани концертите на „Металика“ бидејќи Хетфилд мора да оди на рехабилитација

Членовите на хеви метал бендот „Металика“ објавија дека ја одложуваат турнејата затоа што фронтменот Џејмс Хетфилд се пријавил на програма за зависници од алкохол.

„Металика“ во петокот објави на „Твитер“ дека им е „искрено жал“ за одложувањето на турнејата.

„Како што повеќето од вас веројатно знаете, нашиот брат Џејмс со години се бори против зависноста од алкохол. За жал, тој сега мора повторно да влезе во програмата за рехабилитација за да работи на своето закрепнување”, напишале неговите колеги Ларс Улрих, Кирк Хамет и Роберт Трухило.

Според веб-страницата на бендот, требало да се одржат осум концерти помеѓу 17 октомври и 2 ноември: шест во Австралија и два во Нов Зеланд.

„Металика“ изјави дека на фановите кои купиле билети ќе им бидат вратени парите и дека групата планира да се врати во Австралија и Нов Зеланд „кога ќе дозволат здравјето и распоредот“.

Сите членови на групата се во педесеттите години.

Нивниот петти албум „Металика“ од 1991 година се продаде во 30 милиони примероци.

Можеби ќе ве интересира

Комбето на бендот „Амадеус“ се преврте, сите биле внатре (ФОТО)

ДЕСК

Ќерката на Чарли Шин тврди дека сакале да ја киднапираат: „Тој нè набљудувал постојано“

C +

Ѕвездата од „The Walking Dead“ почина: Имаше само 33 години

ДЕСК