Centar.mk
БИЗНИС

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е научена да зема од граѓаните и затоа е против поврат на ДДВ од 3 милиони евра

ВМРО – ДПМНЕ уште еднаш покажа дека нејзина единствена цел е да штити криминал, да ги зема парите од граѓаните за да завршуваат во џебовите на неколкумина од врвот на партијата. ВМРО-ДПМНЕ е против секоја мерка за враќање на парите кај граѓаните и обезбедување на подобри услови за живот и повисок стандард, реагираат од СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Истовремено, велат од СДСМ, политиките и мерките на СДСМ за зголемување на животниот стандард даваат реални и видливи резултати.

-Како дел од сетот мерки преку кои парите се враќаат кај граѓаните, проектот МојДДВ, ги враќа парите кај граѓаните и ја намалува сивата економија. Само во првиот квартал од реализацијата на проектот повратот на ДДВ изнесува над 3 милиони евра. Граѓаните ја чувствуваат разликата. Додека ВМРО-ДПМНЕ со години земаше од граѓаните, СДСМ како одговорна партија креира политика и спроведува мерки за подобрување на животниот стандард на секое семејство, се вели во реакцијата.

Можеби ќе ве интересира

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

ДЕСК

Работна средба на заменик-министерот Ристески со винариите од Здружението „Вина од Македонија“

ДЕСК

Позначајни движења кај останатите финансиски институции (ОФИ): прв квартал на 2026 година

ДЕСК