12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Захариева: Поддршката за членството на Северна Македонија во ЕУ не е безусловна

Нашата поддршка за европската интеграција на Македонија никогаш не била безусловна, изјави бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, нагласувајќи дека ова не е прв пат Бугарија да поставува услови.

Изјавата на Захариева следеше по итниот состанок со бугарскиот претседател Румен Радев, на кој се разговараше за состојбата со претстојниот датум на кој Скопје треба да добие покана за влез во Европската Унија.

„Темата за Македонија отсекогаш била поврзана со многу јасна состојба, а тоа се добрососедските односи“, рече таа.

„Предходно имаше филмови финансирани од државата Македонија против Бугарија“, рече Захариева “ во разговор за бугарската „ТВ Нова“.

Таа потсети дека уште во 2012 година имало препорака да се започнат преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ, а во тоа време, Бугарија заедно со другите земји рекле дека не можат да го поддржат членството затоа што недостасуваат добрососедски односи.

„Не постои начин да се стремите да станете членка на ЕУ ако имате нерешени билатерални односи “, заклучи Захариева.

Министерката ги оцени односите со Македонија како комплексни. Сепак, додаде Захариева, двете земји активно работат во оваа насока, а во последните 2 години е постигнато повеќе отколку во претходните 30.

Захариева најави дека до крајот на годината, бугарско-македонската комисија треба да напредува на важни теми поврзани со историските личности, како што е Гоце Делчев и Илинденското востание.

Спонзорирано: