Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Костадинов: Заев е подготвен за нова лидерска средба со Мицкоски

Пратеникот од редовите на СДСМ, Костадин Костадинов за ТВ21 вели дека премиерот Зоран Заев е подготвен за нова лидерска средба на која треба да се разговара за донесувањето на новиот закон за ЈО.

Костадинов во емисијата вели дека Заев е подготвен за нова рунда преговори, доколку има нови идеи од страна на опозицијта без притоа да се поминат црвените линии.

Последната лидерска средба се одржа во Собранието и траеше повеќе од 6 часа, но заврши без договор меѓу двете страни.

Во законот за ЈО остануваат спорни неколку точки како што е преминувањето на вработените од СЈО во ОЈО, статусот на прадметите кои не се во судска процедура.

Двете страни не можат да се договорат и за изборот на јавниот обвинител кој треба да дојде по предлог на опозицијата, како и методологијата на новото законско решение.

повеќе во видеото:

Можеби ќе ве интересира

Државата ќе дели по 3.000 денари месечно на ранливи категории граѓани?

ДЕСК

Граѓаните се навикнаа да се откажуваат: Прво од луксуз, потоа од нормален живот

ДЕСК

ДРАМА КАЈ ТРАНСПОРТЕН ЦЕНТАР СРЕДЕ БЕЛ ДЕН: Маж пријавил напад, едно лице имало остар предмет

ДЕСК