Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Државниот врв ѝ заблагодари на Германија за поддршката

Македонските политичари на социјалните мрежи се заблагодарија на поддршката од германскиот Бундестаг за зеленото светло за почеток на преговорите со ЕУ.

Претседателот Стево Пендаровски ја искажа својата благодарност на „Твитер“ со зборовите „Danke Deutschland“.

Премиерот Зоран Заев синоќа се огласи на „Фејсбук“.

„Вечерва добивме прекрасна вест од Берлин. Бундестагот со огромно мнозинство даде поддршка за ЕУ да ги започне преговорите за членство со Северна Македонија. Конечната одлука ја очекуваме во октомври, што ќе значи признание за граѓаните и институциите и за сите наши одлуки, напори и успеси. Ова е голем поттик, продолжуваме да работиме уште повеќе. Благодариме на сите пратеници во германскиот Бундестаг и на владиниот тим на канцеларката Ангела Меркел“, напиша Заев.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на неговиот профил на „Твитер“ оцени дека Бундестагот покажал лидерство, а признавањето ја охрабрува нашата земја да продолжи напред.

„Бундестагот покажа лидерство вечерва: светло зелено светло за преговори со ЕУ. Со признавањето на достигнувањата на Северна Македонија тој нè охрабрува да продолжиме напред и подобро. Ние исполнивме, вие исполнивте и ќе продолжиме да постигнуваме“, пишува Димитров.

Порака со благодарност стигна и од вицепремиерот Бујар Османи, кој во живо во Берлин ја следеше одлуката на Бундестагот.

Одлуката на Бундестагот ја поздравија и од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од нив шестмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК