Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Продолжен рокот за аплицирање за стипендии за средношколците со попреченост

Град Скопје информира дека е продолжен рокот на објавениот јавен повик на веб-страницата на Градот на ден 16.09.2019 година за стипендирање на средношколци со попреченост, ученици во скопските средни училишта.

„Ве информираме дека Комисијата за спроведување на јавниот повик одлучи истиот да трае уште 5 дена, односно апликациите на кандидатите за стипендии да се примаат до 01.10.2019 година (вторник).

Градот Скопје за да го подигне квалитетот на образованието на учениците со попреченост, за прв пат оваа година ќе додели 25 стипендии за овие ученици од прва до четврта година, коишто во текот на 9 месеци ќе добиваат стипендијата од 3.000 денари нето износ“, велат од Град Скопје во информацијата.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНА САМКА ИБРАИМОВСКИ – Поранешниот пратеник и министер имаше 72 години

ДЕСК

СТУДОТ ПРИСТИГНУВА ВО МАКЕДОНИЈА – Од викендот температурите ќе се спуштат под нулата

ДЕСК

Министерството за здравство апелира: Проверете го вакциналниот статус – МРП вакцината е најсигурна заштита од мали сипаници

ДЕСК