19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави одлуката на Бундестагот

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ преку телеграма упатена до Томас Герберих, амбасадор на Сојузна Република Германија, ја поздрави одлуката на Бундестагот за отпочнување на преговорите со ЕУ.

Од пратеничката група му заблагодаруваат на амбасадорот и за неговата лична поддршка за унапредување на македонско-германското пријателство.

„Од наше име, за крај сакаме да Ви се заблагодариме за поддршката штони ја дадовте нам, во оние моменти кога некои политичари намерно манипулираа за исправноста на нашата одлука со својот глас да придонесеме да се придвижат процесите со конечно решавање на спорот со името кој Македонија го имаше со Грција. Денес веќе се гледа позитивната промена на нашата реалност и се отвора можност Република Северна Македонија да ја добие својата шанса да покажеме дека навистина ќе придонесеме за европското семејство, вредно, посветено и чесно“, се вели во телеграмата на Независната пратеничка група.

Спонзорирано: