Светската здравствена организација во средата рече дека Филипините се соочуваат со зголемен број заболени од полио ако родителите продолжат да не ги вакцинираат своите деца под 5-годишна возраст.
Јужноазиската земја се соочува со епидемија на заразната болест, што би можело да ги попречи глобалните напори за искоренување на болеста, која е ендемска само во уште три земји – Авганистан, Нигерија и Пакистан.
Потврдените случаи на Филипините биле предизвикани од детска парализа „предизвикана од вакцина“, а не од вид на вирусoт, кој беше искоренeт во земјата пред речиси две децении.
„СЗО е сериозно загрижена за состојбата на Филипините“, изјави за новинарите Рабиндра Абејасинг, претставник на СЗО на Филипините.
Покриеноста на Филипините за орални вакцини против детска парализа е 66%, но треба да биде на 95%, рече Абејасинг. Само 40% од децата на возраст под 5 години добиле вакцина против детска парализа со инјекција.
„Ако ја изведеме вакцинацијата како што нормално ја изведуваме и 30% не се вакцинирани, ќе имаме уште една епидемија за неколку години“, рече тој.
Филипините ќе објават програма за вакцинација следниот месец, која првично ќе биде насочена кон децата во две области на јужниот регион Минданао, каде минатата недела беше потврден првиот случај на детска парализа и каде е откриен вирусот во канализациските системи.
Вториот случај беше забележан минатата недела во Лагуна, јужно од главниот град Манила, на повеќе од 1.000 км оддалеченост од Минданао.
Тип 2 полио вирусот што потекнува од вакцина е вирусот откриен и во двата пријавени случаи. Вирусот од вакцина најчесто се појавува на места со мала процент на вакцинација и лоша санитација, бидејќи луѓето кои биле вакцинирани го излачуваат вирусот, ставајќи ги на ризик оние кои не се вакцинирани.
Последниот познат случај на детска парализа на Филипините беше во 1993 година, соопшти СЗО.