8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Аирлија: Падна седмица на лото, кој стана милионер?

Саботното извлекување на 21ви септември донесе 7ка во Кичево, вредна близу 200.000 евра

Скопје, 23ти септември, 2019. Во 44тото коло од играта на среќа Лото7, одржано на 21ви септември 2019та, во сабота, донесе 7ка вредна 11.966.712,00 денари. Според податоците, извлечените броеви 5, 6,19, 26, 27, 31 и 34 се уплатени во Кичево на продажно место ТП Аива 5.

Ова е втора 7ка од почетокот на приредување на играта Лото 7, постигната по само пет месеци по рекордната 7ка која вредеше близу 500.000 евра (29.293.930,00 денари)

Во историјата на Лото игрите приредувани од Државна лотарија, ова е 23та 7ка и прва во Кичево.

За 7ка до сега се славеше по еднаш во Свети Николе, Неготино, Тетово, Струмица и Кавадарци, два пати во Куманово, четири пати во Битола и единаесет пати во Скопје. Мапата на среќни добитници на 7ка, сега се збогати со нов град – Кичево.

Во очекување да го запознаеме среќниот добитник, со надеж за негова скора посета на нашите простории, ви пренесуваме дека уплатата е извршена на продажно место ТП Аива 5 кое се наоѓа на улица Борис Кидриќ бб, во близина на општинската зграда на општина Кичево. Продажното место Аива 5 постои повеќе од дваесет години, а како уплатно – исплатно место за игрите на среќа на Државна лотарија, работи неполни две години. Ја контактиравме сопственичката на продажното место, која ни рече дека се извонредно среќни што токму кај нив е уплатена 7ката и се надеваат дека ќе го запознаат добитникот. За сега не може ни да претпостават за кој може да се работи бидејќи во саботите кај нив уплаќаат од различни градови и околни села, дури и за по пет кола однапред.

Очекуваме повеќе интересни податоци од средбата со добитникот. До сега дел од нашите среќни добитници на 7ка со задоволство ги споделија своите лото искуства и пренесоа пораки до играчите. Сите ни потврдија дека премиите им го промениле животот на подобро и им помогнале да остварат голем дел од своите планови и желби. Се надеваме дека наскоро ќе ја споделиме среќната приказна на вториот добитник на 7ка од играта Лото 7, кој во 44тото коло од играта на среќа Лото 7 постигна 7ка вредна 11.966.712,00 денари, или близу 200.000 евра.