Во текот на 13, 14 и 15.09.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 51 возач управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 66 возачи, од кои: 20 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 41 возач затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и пет возачи-почетници кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и 41 возило, бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се девет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца возачи поради неправилно престројување, три возачи поради неправилно престигнување, 14 возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 15 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 13 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се осум пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 182 мандатни платни налози, а 110 возила се подигнати со „пајак”.
На 14 ептември на територија на СВР Велес била спроведена контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли. Притоа, биле констатирани вкупно 44 прекршоци, од кои 21 во Велес, 18 во Кавадарци и пет во Неготино. За сите прекршоци биле изречени соодветни казни.
Во текот на викендот на подрачјето на СВР Куманово преземени се мерки и активности и констатирано е дека 38 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, од сообраќај се исклучени 14 возачи, и тоа три возачи кои управувале возило под дејство на алохол и 11 возачи кои управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило. Од сообраќај се исклучени осум возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкциониран е еден возач поради неправилно престигнување и еден поради користење мобилен телефон за време на управување на моторно возило. Во текот на викендот издадени се 91 мандантен платен налог, 75 прекршочни платни налози, а осум возила се подигнати со специјално возило „пајак“.
На 15.09.2019 на подрачјето на СВР Струмица била спроведена акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Во акцијата се констатирани 20 прекршоци, за што биле изречени соодветни казни.