10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Видео: Огромни колони пред Плетвар – Повеќе од четири часа стотици автомобили се блокирани – Еве што се случува

Повеќе од четири часа сообраќајот на патниот правец кој води од Градско кон Прилеп е во целосен прекин.

Стотици и стотици автомобили во десетина километри колона чекаат да се локализира големиот пожар што се случува на Плетвар.

https://www.facebook.com/149032011830930/posts/2504452652955509?sfns=mo

Првичните информации говорат дека големиот пожар се гаси со повеќе пожарникарни екипи од Прилеп и Кавадарци, а не се знае кога пожарот ќе биде локализиран, а сообраќајот деблокиран.

Според информации на Centar.mk сообраќајот е блокиран од 15 часот и 40 минути.

Дополнително отежителна околност е и ветерот кој дува и го отежнува гасењето на пожарот.

https://www.facebook.com/149032011830930/posts/2504453169622124?sfns=mo

Исто така зголемената фрекфенција на сообраќајот поради тоа што е петок е и причина за огромните колони.

Спонзорирано: