Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Фотогалерија) Паднати дрвја низ Скопје, невремето направи проблеми – надлежните веднаш реагираа

Невремето од попладнево проследено со силен ветер направи проблеми во Скопје, иако беше кратко. Засега градоначалниците на Општина Центар и Општина Гази Баба информираа за откорнати дрвја и паднати врз сообраќајниците и пешачките патеки.

– По краткиот, но силен ветер паднати се дрва на неколку локации во Центар. Екипите се на терен. Пријавете и вие ако забележите паднато дрво на 195, а во случај на дожд и поплавување на бројот на Водовод и канализација на 02 3073010, соопшти градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

– По пријава од невремето што попладнево го зафати Скопје, и паднатото дрво до детската градинка во Автокоманда, екипите на ЈКП ,,Гази Баба,, го остранија истото, улицата е проодна за пешаците и сообраќајот, соопшти градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Наместо да се реформираат, СДС и Филипче по насока на пропаднатиот ПР тим и преку фалименто соопштенијата, се фокусираат на избори и состојби во други држави

ДЕСК

СДСМ: Испративме писма до ЕУ по најавата за политики прогон на Мицкоски

ДЕСК

ПРОВОКАЦИЈА ВО ТЕТОВО? Странско знаме закачено пред касарната

ДЕСК