Виталиа ја носи функционалната исхрана на ново ниво со својата најнова иновација — линијата ПРОТЕИН + КРЕАТИН. Со спојување на две препознатливи состојки од спортската исхрана во овесна каша и протеински бар, брендот создава нова комбинација на вкус, функционалност и практичност за активното секојдневие.
Новата линија носи поинаков пристап кон појадокот и ужината: протеин и креатин во познати формати, со богати вкусови и состав што јасно ја истакнува нивната функционалност. Кремаста овесна каша со вкус на страчатела и премиум протеински бар со лешник и млечно чоколадо се двата нови производи со кои Виталиа го проширува изборот за современиот, активен потрошувач.
Ова лансирање ја потврдува развојната насока на брендот — да ги претвора современите нутритивни концепти во вкусни и достапни производи што лесно се вклопуваат во секојдневните навики. Резултатот е линија со јасен идентитет и препознатлива порака: ПРОТЕИН + КРЕАТИН. Твојата нова моќна комбинација.

ИНОВАЦИЈА ШТО СЕ ВКЛОПУВА ВО ТВОЈОТ ДЕН
Современото секојдневие бара практични решенија, особено кога станува збор за исхраната. Меѓу работните обврски, физичката активност и личните планови, сè поголемо значење добиваат производите што лесно се подготвуваат или се подготвени за консумирање, а притоа нудат внимателно осмислен нутритивен состав.
Токму тука започнува приказната на новата линија на Виталиа. Протеинот и креатинот се споени во две различни искуства: топол, кремаст оброк за почетокот на денот и чоколадна ужина што можете да ја понесете со себе. Два формата што одговараат на различни моменти, поврзани со иста идеја — функционалната исхрана да стане едноставен и вкусен дел од дневната рутина.
Секое поединечно пакување од новата линија содржи 3 грама креатин монохидрат, а двата производа се без додаден шеќер и со висока содржина на растителни влакна. Со тоа, Виталиа создава препознатлива комбинација на состојки и карактеристики во два внимателно развиени производа.
ОВЕСНА КАША ЗА НОВ ПОЧЕТОК НА ДЕНОТ
Новата ПРОТЕИН + КРЕАТИН овесна каша со вкус на страчатела ја збогатува познатата овесна основа со протеини, креатин и чоколадни парчиња. Во порција од 60 грама содржи 23% протеини, односно 14 грама протеин, и 3 грама креатин монохидрат.
Кремастата текстура и богатиот вкус на страчатела му даваат десертен карактер на појадокот, додека брзата подготовка ја прави практичен избор и за најдинамичните утра. За само 3–5 минути, кашата е подготвена за уживање дома или на работа, како појадок или оброк во текот на денот.
Со висока содржина на растителни влакна и без додаден шеќер, оваа каша носи нова идеја за сите што сакаат повеќе разновидност во својот утрински ритуал.
ПРОТЕИНСКИ БАР СО КРЕАТИН ЗА ФУНКЦИОНАЛНА УЖИНА ON–THE–GO
Вториот производ од линијата, ПРОТЕИН + КРЕАТИН премиум барот со вкус на лешник и млечно чоколадо, ја носи истата иновативна идеја во практично пакување од 45g.
Со 24% протеини и 3 грама креатин монохидрат, висока содржина на растителни влакна и без додаден шеќер, барот е создаден за моментите кога ви треба вкусна ужина што е секогаш при рака. Богатиот вкус на лешник, заокружен со кремаста млечна чоколадна глазура, го претвора секој залак во посебно уживање.
На работа, меѓу две обврски или во движење, неговиот практичен формат овозможува лесно да стане дел од дневните планови. Едноставно отворете го пакувањето и уживајте во новата комбинација од Виталиа.
НОВО ПОГЛАВЈЕ СО ПРЕПОЗНАТЛИВ ПОТПИС НА ВИТАЛИА
Иновацијата добива вистинска вредност кога ќе стане дел од секојдневниот живот. Со линијата ПРОТЕИН + КРЕАТИН, Виталиа ја преточува оваа идеја во два производа што ги поврзуваат современите насоки во исхраната со вкусот и практичноста што потрошувачите ги очекуваат.
Новата линија е следен чекор во развојот на брендот и израз на неговата амбиција да создава нови можности во функционалната исхрана. Од кремастата страчатела до комбинацијата на лешник и млечно чоколадо, секој производ носи свој вкус и своја улога во денот, со заеднички потпис на иновација од Виталиа.
ПРОТЕИН + КРЕАТИН ОД ВИТАЛИА.
Две моќни состојки. Твојот нов POWER DUO.
фото Виталиа


