10. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Анализа: Во време кога земјата е пред вратите на НАТО и ЕУ, намерно се пласирани конструкции и лажни вести од весник со сомнително минато

„La Verita“ е весник чиј прв број излегол на 20 септември 2016 година е ДОО за кое не се знае потеклото на  парите за неговото формирање , за околу 2-3 милиони евра и е во уредништво на новинарот Маурицио Белпјетро.

За него, јавно достапните информации покажуваат дека неколкупати е правосилно осудуван за клевета, навреда и лажни информации.
Во која мера и со колкава претпазливост треба да се земат информациите пласирани од уредник кој:

Во 2009 е правосилно осуден за клевета на доктор во случајот на познатиот Италијански активист, уметник и политичар Пјерџорџо Велби.
Истата година е под истрага на Римското Јавно Обвинителство за тешка клевета и навреда на тогашниот Претседател на Италија, Џорџо Наполитано

И истата година заедно со Роберто Сандало (поранешен член на паравоената организација Prima Linea) е осуден за клевета и претставување на лажни и измислени информации како вистински, т.е пренесување на интервју на Сандало во кое клеветат луѓе за напади на верски објекти и убиство.

Следната 2010 година е дефинитивно осуден од Високиот Апелациски суд.

Додека земјава ни ја тресат скандали од извори кои сами по себе се скандалозни, партијата на власт СДСМ упатува на поврзаност на опозицијата ВМРО-ДПМНЕ со La Verita.

Дали Мицкоски се сретнал со авторот на текстовите се сретнал во Будимпешта и што му дал? Е прашање кое СДСм неколкупати го поставува но Мицкоски ниту ВМРО-ДПМНЕ не демантираат ниту се изјаснуваат за ова.

Јавноста сеуште чека одговори.

Дали ова е обид за уривање на правниот поредок во нашата држава, кога се знае дека следува разрешница за многу случаи за лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ, обид, со вакви конструкции, дезинформаци и полувистини?

На кои структури им смета правда и челнство вo ЕУ?