Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ЈА ДАВЕЛ И ЈА УДИРАЛ ДЕВОЈКАТА СО ТУПАНИЦИ, ПА ИЗБЕГАЛ ОД ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА – Обвинителството во Битола бара притвор

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Според Обвинителството, осомничениот на 10 ноември, во неговиот дом, телесно ја повредил својата девојка. По расправија започнал да ја дави, а со тупаници и шлаканици ја удирал по главата и телото.

Јавниот обвинител до Судот достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, особено имајќи го предвид фактот дека тој, откако дознал дека е пријавен, избегал од полициска станица. Ова, според јавниот обвинител, укажува на неговата решеност да го избегне кривичниот прогон, што претставува ризик за непречено водење на постапката.

Можеби ќе ве интересира

Од 15 ноември до 15 март задолжително е поседувањето на зимска опрема во возилата

ДЕСК

ПРЕСВРТ ВО СЛУЧАЈОТ ШТО ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА – Судот одреди 30 дена притвор за обвинетиот за нападот во Охрид

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: СДС и Филипче нема што да понудат освен црни сценарија и лаги, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја стабилизира економијата и носи раст и развој

ДЕСК