4. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Исплатени 106 милиони денари за дополнителна субвенција за килограм предадени јаболка

Исплатени се 106 милиони денари за дополнителна субвенција за килограм предадени јаболка, информираат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

„Во текот на вчерашниот ден исплатени се 106 милиони денари кон 2.100 овоштари по основ на дополнителна субвенција од 3 денари за килограм предадени јаболка во преработувачки и откупувачки центри до 25 декември 2018 година.

Оваа интервентна мерка е донесена со цел да се покријат загубите на овоштарите поради проблемите што се јавија при откупот на јаболка во реколтата 2018, како и и да се ублажат последиците од временските непогоди во изминатиот период.

Паралелно со оваа мерка, се реализираат други мерки и политики што се во интерес на граѓаните.

Распределбата на картичките тече непречено и секојдневно, а досега поделени се околу 34 илјади картички, со вкупна расположлива сума од околу 88,5 милиони денари.

Како одговорна партија продолжуваме се спроведување на мерките што го враќаат достоинството кај земјоделците и го унапредуваат и развиваат земјоделството како клучна стопанска гранка“, велат од СДСМ во соопштението.