22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Поради високите температури зголемен ризик од пожари

Поради високите температури кои се очекуваат овие денови се зголемува ризикот од избувнување пожари на отворени места. Центарот за управување со кризи упатува апел до граѓаните да внимаваат при посети на отворени места или при работни активности во шумите и други локации кои се со обрасната или необрасната шума и да не користат запаливи материи, кои можат да предизвикаат пожар од пошироки размери.

„Ги потсетуваме граѓаните, доколку забележат одредени сомнителни места во кои е присутен оган или дим, веднаш да ги известат надлежните служби во најблиските институции и установи или да се јават на телефонскиот број 195, како број за итни повици на Центарот за управување со кризи.

Истовремено укажуваме да се почитуваат и препораките за спречување на штетните ефекти од надворешните високи температури врз здравјето на луѓето, препорачани од страна на Министерството за здравство на, Институтот за јавно здравје и Центрите за јавно здравје”, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари

ДЕСК

Средба Божиновска со новоименуваниот економски аташе на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија

ДЕСК

Културата е во најлоша состојба досега, тоа е резултатот на Љутков и ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК