14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Шахпаска: Зборот важи, укинати се квотите за лекови во аптеките во туристички региони

Зборот важи! Започнува реализација на уште едно клучно ветување, важно за граѓаните.

Од денеска се укинуваат квотите на лекови за месец август во аптеките во регионите на Охрид, Струга, Ресен, Дојран и Гевгелија, нашите туристички места, каде во периодот е зголемена фреквенцијата на луѓе, изјави на прес-конференција Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ.

Според неа, ова е првиот конкретен чекор кон целосно укинување на квотите што треба да се случи во следниот месец. Во меѓувреме, се воведуваат дополнителни контроли и се засилува целиот механизам за борба против злоупотреби.

„На овој начин се надминува проблемот со недостигот на лекови на рецепт и се зголемува нивната достапност со цел граѓаните да имаат пристап до лековите преку целиот месец.
Наскоро почнува и официјалната административна процедура на вклучување на сите аптеки во мрежата на здравствени установи и нивно вмрежување.

Со тоа се зголемува бројот на аптеки што ќе нудат лекови на рецепт со што лековите ги правиме лесно достапни за граѓаните. Очекуваме дека во овој период мерката спроведена во неколку општини да даде реален резултат, да се олесни прстапот до лековите, да се лоцираат и отстранат евентуални недоследности и веќе од есенва, квотите во аптеките низ целата држава да бидат укинати. Како одговорна партија продолжуваме со спроведување мерки и политики коишто го унапредуваат здравствениот систем и обезбедуваат квалитетна здравствена заштита во интерес на граѓаните”, додаде таа.

Спонзорирано: